Имунобор Кидс Актив Сируп е специјално создаден за детскиот имун систем. Претставува моќна комбинација од високо концентриран 93% микронизиран бета глукан (патентиран Betox – 93) и активна форма на витамин C (како L – аскорбинска киселина).

Имунобор Кидс Актив Сируп е наменет за да ја помoгне функцијата на имуниот систем кај акутни вирусни, бактериски и габични инфекции, заедно со антибиотска терапија, за време на боледување, кај алергии и за зараснување на рани.

Имунобор Кидс Актив Сируп како двојна комбинација има помоќно дејство во однос на активноста на имуните клетки и нивната способност да ги убиваат бактериите и другите микроорганизми. Активно гo стимулира производството на имуни тела. Има директен антимикробен ефект врз редица микроорганизми. Ја зголемува локалната имуна заштита на слузницата на респираторниот, дигестивниот и уринарниот систем.

Имунобор Кидс Актив Сируп се дозира кај деца до 14 години по 1 кафена лaжичка (5 ml) дневно, а деца над 14 години по 2 кафени лажички (10 ml) дневно. За максимален ефект, производот се зема на гладно, директно или во пијалок.

Имунобор Кидс Актив Сируп обезбедува целосна заштита на детскиот организам од вирусни, бактериски и габични инфекции. Содржи бета глукан, кој што е најмоќниот имуностимулатор од природно потекло со докажан механизам на дејство. Присуството на активна форма на витамин C ја зголемува ефикасноста на производот.

Имунобор Кидс Актив Сируп е погоден и удобен и за најмалите. Децата го сакаат заради пријатниот вкус од природни диви јагоди. Ефикасноста на Имунобор Кидс Актив Сируп е зголемена преку високата концентрација на микронизиран бета глукан 93 % и активната форма на витамин С . Употребата на Имунобор Кидс Актив Сируп ја намалува честотата и долготрајноста на боледувањето. Ги спречува компликациите и рецидивите од инфекции. Има општо закрепнувачко и тонизирачко деjство.