Имунобор Бета Глукан 300 e моќен имуностимулатор. Секоја капсула содржи 300 мг високо пречистен Бета глукан. Бета Глукан е единствениот имуностимулатор од природен производ со докажан механизам на дејство. Имунобор Бета глукан 300 е наменет за да ја помогне функцијата на имуниот систем при склоност кон чести бактериски, вирусни и габични инфекции. Се користи како општо закрепнувачко и тонизирачко средство.

Имунобор Бета Глукан 300 ја зголемува активноста на имуните клетки и нивната способност да убиваат бактерии и други микроорганизми. Го стимулира производството на имуни тела. Ја зголемува локалната имуна заштита на лигавиците на дишните, цревните и уринарните патишта.

Имунобор Бета Глукан 300 се дозира кај возрасни – по 1 растителна капсула до 3 пати дневно на гладно. Кај деца над 1 год. – по 1 растителна капсула до 2 пати дневно на гладно.

Имунобор Бета Глукан 300 е 100% природен продукт. Не предизвикува несакани ефекти. Содржи највисоко количество Бета Глукан. Активната состојка е во високотехнолошки растителни капсули – 100% природни, безопасни при подолготрајна употреба и погодна и за вегетаријанци.