Имунобор Биотик e комбинација од високо количество пробиотик и моќен имуностимулатор. Комбинацијата од двете состојки овозможува брзо нормализирање на цревната и вагиналната микрофлора, како и зајакнување на имуниот систем.

Имунобор Биотик e моќно средство за лечење и профилакса на цревни инфекции. Ефективен е при дијареи, настанати од различни причини – неправилна исхрана, цревни инфекции, проблеми при патување и др. Може да се прима заедно со антибиотици за спречување на дисбактериози (намалување на корисните бактерии). Се препорачува при синдром на раздразнето дебело црево, како и при воспалителни заболувања на цревата – болест на Крон и хроничен гастричен колитис. Има докажан ефект како средство за воспоставување на вагиналната екофлора. Примената на Имунобор Биотик е соодветна при алергични состојби – атопичен дерматит, алергија на храна и др. Имунобор Биотик влијае благопријатно на општата состојба на организмот за време на хемотерапија- и терапија со зрачење.

Имунобор Биотик дејствува така што ја нормализира цревната и вагинална микрофлора и истовремено ја зголемува природната имуна заштита на организмот. Го зголемува терапискиот ефект на редица антибиотици и покажува директно антимикробно дејство. Има и антиалергичен ефект.

Имунобор Биотик се зема по 1 капсула, 3 пати дневно. Во случај на остри дијареи дозирањето се зголемува – по 2 капсули 3 пати дневно. По совладување на симптомите, доза на одржување е 2 капсули дневно. Много важно е Имунобор Биотик да се зема на гладно. Кај мали деца капсулата може да се отвора и да се зема со малку течност. Ако Имунобор Биотик се зема истовремено со антибиотик, тој треба да се земе не покасно од 48-от час и приемот треба да продолжи и после прекин на антибиотикот до 3 месеца.

Имунобор Биотик претставува пробиотик, пребиотик и имуностимулатор. Тој претставува комбиниран продукт со високо количество пробиотик – Lactobacilus bulgaricus и Бета Глукан – пребиотик (храна за пробиотик) и имуностимулатор. Двете состојки взаемно се надополнуваат и ги зголемуваат ефектите. Имунобор Биотик e практично безопасен и може да се користи и кај бремени.