Имунобор Кидс Сируп е единствениот микронизиран Бета Глукан со чистота 93%. Една кафена лажичка (5 ml) содржи 30 mg високопречистен Бета Глукан. Бета Глукан е единствениот имуностимулатор од природен производ со докажан механизам на дејство.

Имунобор Кидс Сируп е наменет за да ја помогне функцијата на имуниот систем кај деца со склоност кон чести бактериски, вирусни и габични инфекции, при антибиотска терапија – за време и после неа, при акутни и хронични заболувања на респираторниот систем – грип, настинка, бронхити, тонзилофарингити, отити, бактериско носителство, при акутни и хронични инфекции на уринарните патишта. Се користи како општо и тонизирачко средство.

Имунобор Кидс Сируп ја зголемува активноста на имуните клетки и способноста да ги убиваат бактериите и други микроорганизми. Го стимулира производството на имуни тела. Има директен антимикробен ефект врз редица микроорганизми. Ја зголемува локалната имуна заштита на бронхијалната, цревната лигавица како и на уринарниот систем.

Имунобор Кидс Сируп се дозира кај деца до 8 години – по 1 кафена лажичка (5 ml) дневно; над 8 години – по 2 кафени лажички (10 ml) дневно; кај возрасни – по 1 супена лажица (15 ml) дневно. Се зема директно, или во топол пијалок на гладно. Препорачан период на употреба е 3 месеца. Добро да се потресе пред употреба.

Имунобор Кидс Сируп е во форма на сируп, удобна дури и за најмалите. Има висока концентрација на Бета Глукан и зголемена ефикасност со микронизацијата. Имунобор Кидс Сируп е 100% природен продукт со патентирана активна состојка. Не предизвиква несакани ефекти.