Што е имунитет?

Имунитет е отпорност на организмот кон физички, хемиски, биолошки и други штетни фактори во опкружувачката природа. Се отстварува преку сложен систем од заштитни и приспособувачки реакции, кои обезбедуваат генетска целина и постојаност во внатрешната средина на организмот, независно од промените во околниот свет. Имуниот систем има совршена организација, во која учествуваат различни структури – тимус, лимфни јазли, слезина, коскен мозок, Т и В клетки, макрофаги и др. Сите елементи на имуниот систем работат во исклучителна синхронизација. Така се постигнува отпорност на организмот кон надворешни фактори. Таа заштитна способност е природна, со која секој се раѓа и се придобива во процесот на животната активност.

Вродениот имунитет се должи на заштитни антитела добиени од мајката. Тие преминуваат преку плацентата во крвта на плодот за време на бременоста. Новороденчето ги добива и преку мајчиното млеко. Така малото дете се штити од инфекции во текот на првите три до шест месци од раѓањето.

Стекнатиот имунитет се создава после прележано заболување, при кое организмот создава антитела спрема причинителот. При повторна средба тие го распознаваат и неутрализираат. Реакцијата на организмот во такви случаи се нарекува постинфекциозен имунитет. Антитела се создаваат и по вештачки пат – преку вакцинација.

Имуниот систем е во основата на доброто здравје. Важно е да се одржи високо ниво на имуна заштита. За таа цел треба да се обрни внимание на стилот на живот – правилно хранење, движење, калење и користење на природни производи со имуностимулирачки и имуномодулирачки ефект.

Може също да харесате

Зареждане на Facebook коментари ...

Няма коментари

Оставете коментар

ПУБЛИКУВАЙТЕ КОМЕНТАР

Моля, въведете име. Please enter an valid email address. Please enter a message.

Времето за попълване изтече. Моля, презаредете CAPTCHA.